Циркус: Ѓоковиќ на Твитер му честиташе на „погрешен“ Медведев!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал вчера го освои Австралијан опен и така стигна до својата 21. гренслем-титула во кариерата, па ги надмина вечните ривали Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Русинот Данил Медведев водеше со 2-0 во сетови и делуваше дека може да ја освои титулата, меѓутоа Надал направи спектакуларен пресврт и славеше со 3-2.

Ѓоковиќ не успеа да ја брани титулата во Австралија, затоа што не му беше одобрена визата, па Србинот по крајот на турнирот му честиташе на Надал на неверојатниот успех, но притоа направи циркус на социјалните мрежи откако го означи погрешниот профил на Медведев.

Српскиот тенисер означи лажен профил на Русинот, но не го забележа тоа, па човекот кој го води профилот го искористи тоа и постојано го менуваше името на профилот.