„Триумфот на Надал е неверојатен, но отсуството на Ѓоковиќ фрли сенка од која нема бегање!“


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ поради депортацијата не можеше да ја брани титулата на Австралијан опен, па тоа го искористи Рафаел Надал, кој ја освои неговата 21. гренслем-титула во кариерата.

Западните медиуми го прославија успехот на Надал и го критикуваа Ѓоковиќ, но еден текст на британски медиум е поразличен од сите затоа што во него е опишана реалната слика на турнирот во Австралија.

„Триумфот на Надал е неверојатен, но отсуството на Ѓоковиќ фрли сенка од која не може да се побегне“, гласи насловот на текстот на медиумот.

Ѓоковиќ освои најмногу титули на неговиот омилен турнир во Мелбурн, меѓутоа австралиските власти решија да му ја укинат визата и да не му дозволат да се обиде и да се радува на нов трофеј.