Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најтрофејниот македонски клуб Вардар славеше со 2-0 против рускиот тим СКА Ростов и тоа беше успешен старт за второлигашот кој ќе биде во следниот период на подготовки во Анталија, Турција.
Првото полувреме помина без голови, по што Вардар почна да ја полни мрежата на нивниот ривал, а најпрво Блажевски стрелаше за водство од 1-0 на „црвено-црните“, додека Парталко погоди за 2-0 во завршницата од дуелот.
Вардар го игра следниот натпревар на подготовките во Анталија против уште еден руски тим, а тоа е Том Томск.