Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не доби шанса да ја брани титулата на Австралијан опен, откако властите во државата му ја укинаа визата и го депортираа, па тоа го искористи Рафаел Надал, кој ја освои рекордната 21. гренслем-титула.
Ѓоковиќ, поради тоа што не е вакциниран, не смее да игра на многу турнири, а сака да ја заврши кариерата како најдобар тенисер во историјата, но за тоа ќе мора да прими вакцина ако сака да игра на гренслем-турнирите.
Авторот на биографијата на Ѓоковиќ, Даниел Мукш, кој добро го познава Србинот, тврди дека тенисерот наскоро ќе се вакцинира, а има доволно време да прими две дози до почетокот на Ролан Гарос.
„Според тоа што го слушнав од неговата околина, Новак ќе се вакцинира. Можеби титулата на Надал го натера да донесе таква одлука“, кажа Мукш за медиумите.