Објавен документ дека Надал земал недозволена супстанција!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рафаел Надал го освои Австралијан опен на неверојатен начин во спектакуларно финале против Данил Медведев со 3-2 во сетови, па така ја освои рекордната 21. гренслем-титула и сега води пред Роџер Федерер и Рафаел Надал по број на освоени трофеи на гренслем-турнирите.

Многу навививачи на Ѓоковиќ се бесни на Надал затоа што не застана во одбрана на неговиот ривал поради тортурата од австралиските власти, кои му ја одземаа визата и го депортираа.

На социјалните мрежи се појави и документ на кој се гледа дека Надал во текот на кариерата користел и недозволена супстанција.

Станува збор за документ од 2009 година, кога Надал имаше повреда на рамото, а тогаш добил медицинска дозвола да користи забранета супстанција.

Медиумите се обидоа да дознаат за што станува збор и побараа одговор од српската анти-допинг агенција.

„Во случајот на Надал, станува збор за терапевски исклучок кој секој спортист може и мора да го бара за да добие метод на лекување. За случајов постои валидна документација дека тој морал да го прими лекот“, соопштиле од агенцијата.