Георгиевски се чувствува понижено од АМС: Парите не ми се мотив, сакам да ја израдувам Македонија со злато!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Агенцијата за млади и спорт (АМС) вчера објави список со добитници на ваучери за помош на федерациите од државата, а најголемиот ѝ припадна на Ракометната федерација, додека Фудбалската не доби ниту денар. Сепак, тоа што изненади е ваучерот на таеквондистот Дејан Георгиевски, кој ѝ го донесе најголемиот успех на Македонија на Олимписките игри.

Георгиевски ја израдува Македонија со сребрен медал на Летните олимписки игри во Токио, но АМС не му го додели најголемиот ваучер, по што таеквондистот објави порака преку социјалните мрежи и кажа дека се чувствува понижено поради потегот, но сепак парите не му се приоритет, туку Македонија му е мотив за успеси.