Сопругата почнала да се пораѓа, а не му кажувале додека не завршил Суперболот

Играчот на Лос Анџелес ремс, Ван Џеферсон ќе го памети 13 февруари 2022 година до крајот на животот затоа што во ист ден го освои шампионскиот трофеј и доби син.

Сопругата на Џеферсон почнала да се пораѓа на полувремето од мечот, а тој не знаел што се случува до крајот на натпреварот.

Дури кога завршил дуелот му кажале дека неговата сопруга се породила, а по кратката прослава со соиграчите, пресреќниот Ван со ќерка му заминал во болница за да си ги види жената и синот.