Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Евертон и англиската репрезентација, Џордан Пикфорд се наоѓа во центар на полициска истрага затоа што предизвикал тепачка во еден паб.
Британски „Сан“ објави дека Пикфорд со неговите пријатели бил во еден паб, при што навивачите го провоцирале и го навредувале, а веднаш следела реакција од чуварот на мрежата и неговите другари.
Полицијата реагирала на местото на инцидентот, а сведоци тврдат дека Пикфорд не учествувал лично во тепачката, туку се повлекол и ги гледал како неговите пријатели се тепаат со останатите лица.
„Сè што слушнав се провокации кон Пикфорд, по што почна тепачката. Тоа се случи веднаш, немаа време ниту да се напијат пијалок. Пикфорд не е повреден, тој веднаш си замина“, вели сведок за „Сан“.