Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да направи интервју по депортацијата од Австралија и веднаш привлече голем број коментари.
Додека од Америка го напаѓаа, се јави и поранешен тенисер Патрик Мекинро кој реши да даде коментар на неговото интервју за „Би-би-си“.
„Јасно е дека Ѓоковиќ е најдобар во свет, но тој во Австралија дозволи да го направи тоа што досега го избегнуваше. Тој во последните 10-15 години ги бркаше Федерер и Надал, а конечно ги стигна и беше подготвен да ги надмине, но сега заглави во кал поради вакцината“, вели Мекинро.
Меѓутоа, овие зборови не му се допаднаа на Пол Мекнами, поранешниот австралиски тенисер кој застана во одбрана на Ѓоковиќ.
„Новак никогаш не ги бркаше Федерер и Надал, туку си беше свој и продолжи по тој пат“, објасни Мекнами.