Политичарка го покани Ѓоковиќ во Италија: Може да играш на турнирот во Рим без вакцина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ пред неколку дена даде големо интервју за „Би-би-си“ во кое кажа дека не е против вакцините, туку ја поддржува слободната мисла на секој човек, а притоа порача дека ќе ја заврши кариерата ако не може никаде да игра без вакцина.

Меѓутоа, политичарката Валентина Вецали од Италија за медиумите кажа дека Ѓоковиќ може слободно да игра на турнирот во Рим без вакцина.

Ѓоковиќ мина низ тешка драма во Австралија во претходниот месец, кога беше депортиран затоа што не примил вакцина.

Дел од навивачите го критикуваа неговиот потег, но имаше и такви кои застанаа на негова страна, а една од нив е политичарката која го покани на турнирот, кој е закажан за период од 2 до 15 мај.

„Зелениот сертификат не е предвиден за тенисерите. Ако сака Ѓоковиќ да игра, тогаш може тоа да го направи“, вели Вецали.