Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австралискиот тенисер Алекс Де Мино се наоѓа меѓу осомничените за користење на фалсификувани ковид-сертификани, а информацијата ја објави француски „Фигаро“.
Името на 32. тенисер во светот се најде во списокот на полицијата, која истражува кои лица добиле лажен сертификат во претходните месеци.
Во Австралија можеа да настапат само вакцинирани тенисери, па од таа причина најдобриот играч во светот, Новак Ѓоковиќ не беше дел од турнирот во Мелбурн.
„Сакам веднаш да разјаснам некои работи по информациите кои се појавија во јавноста. Првата доза на вакцина ја примив минатото лето во Лондон, а втората во Мадрид. Сега стигнаа вести дека сум под истрага за лажен сертификат. Моето семејство и сите пријатели ми се вакцинирани, ја не сум под истрага, туку моето име се поврзува со целата приказна зашто се вакцинирав во таа болница“, напиша Де Мино на Инстаграм.