Дончиќ израмни рекорд на Чемберлен – следи на ред се Харден, Џејмс, Вестбрук и Робертсон!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар и голема ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ постигна 32 поени, 12 скокови и 12 асистенции против Лос Анџелес Лејкерс и така стигна до 21. трипл-дабл во кариерата со најмалку 30 поени.

Со ова постигнување тој се израмни со легендарниот кошаркар Вилт Чемберлен, па сега на листата пред него се само четири кошаркари.

На листата пред овие двајца се Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Расел Вестбрук и Оскар Робертсон кој има 106 трипл-дабл во кариерата со повеќе од 30 поени и тешко дека некој ќе го стигне во историјата.