Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рафаел Надал се повреди во Америка на крајот на март и нема конкретни информации за негово враќање на теренот, додека се очекува Новак Ѓоковиќ да заигра во Монте Карло.
Портпаролот на шпанскиот тенисер кажа дека тој нема да може да игра во Каталонија следната недела, а како што стојат работите, постои шанса да се врати на почетокот на мај, во Мадрид.
Веднаш по турнирот во главниот град на Шпанија, сезоната се сели во Рим, кој ќе биде загревање пред Ролан Гарос.
Надал би можел да игра во Мадрид и Рим, за да може да биде подготвен за неговиот омилен гренслем-турнир.
Надал игра четири или пет турнири на земјен терен секоја година, но оваа пролет му се расипаа плановите поради повредите.