Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ испрати поддршка до руските и белоруските тенисери и тенисерки, откако Вимблдон им забрани настап на турнирот.
Вимблдон донесе таква одлука поради руската инвазија во Украина, но првиот рекет во светот смета дека ова е лудост и неспортска одлука, која ги прекршува сите правила на АТП и ВТА.
„Никогаш нема да поддржам војна, затоа што и јас сум дете на војна. Знаеме какви последици остава тоа и ние на Балканот имавме многу војни, но оваа одлука на Вимблдон е лудост. Тенисерите и тенсерките немаат никаква врска со политиката. Доста е мешање на политика во спортот“, кажа Ѓоковиќ.