Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Натпреварот меѓу Минесота Тимбервулвс и Мемфис Гризлис го одбележа една необична сцена, кога девојка втрча на паркетот, но обезбедувањето реагираше брзо и ја фати жената.
Подоцна беше откриено дека станува збор за активистка на здружението за заштита на животните, а имала за цел да привлече внимание на газдата на Тимбервулвс, Глен Тејлор, кој има фарма.
На четвртиот меч од плејоф-серијата меѓу Минесота и Мемфис обезбедувањето повторно имаше работа, а ќе треба да биде внимателно и на останатите натпревари.