Македонија ќе ги пречека Франција, Холандија и Романија во Скопје на ЕП


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе биде еден од кодомаќините на ракометното Европско првенство (ЕП), кое ќе се одржи од 4 до 20 ноември.

Ждрепката за групната фаза беше одржана во Љубљана во 17.00 часот, по што Македонија дозна дека ќе биде домаќин во групата Ц и ќе се соочи против Франција, Холандија и Романија.

Првите три екипи од групната фаза ќе се пласираат во следната фаза, додека полуфиналето и финалето се играат во Љубљана.