Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот тренер Јирген Клоп во Ливерпул стигна во 2015 година, по што освои неколку трофеи и покажа дека е еден од најдобрите во светот, а оваа сезона се бори за дури четири титули.
Клоп неодамна беше награден за одличните резултати и го продолжи договорот до 2026 година, а во текот на годините беше препознатлив по некои работи, како што беа наочарите кои ги носеше за време на натпреварите.
Германецот во едно интервју објасни зошто повеќе не носи наочари и зошто морал да оди на операција за да го реши проблемот.
„Тоа е приватна работа, но ќе ви објаснам за што станува збор. Носев наочари од 10 години и имав проблеми со диоптерот. Повеќе ниту со наочари не гледав како што треба и не ми се поправи видот, па морав да одам на операција“, открива Клоп.