Морбидно и болно: Неверојатен испад на навивачите на Ница на сметка на Сала (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Светот на фудбалот беше завиен во црно на 21 јануари 2019 година, кога аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала го загуби животот на пат кон Кардиф.

Сала во јануари 2019 година реши да го напушти Нант и да се пресели на Островот, но за жал неговиот авион никогаш не стигна во Кардиф.

Авионот падна во мореот, а оваа трагедија ја искористија навивачите на Ница за болни навреди на мечот против Сент Етјен.

„Тој е Аргентинец, кој не знае баш добро да плива. Емилијано е под водата“, пееја навивачите на трибините и ја згрозија светската фудбалска јавност.