Реал Мадрид сакаше да му ги краде ѕвездите, па Клоп им го зададе првиот удар

Ливерпул се подготвува за финалето во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што ќе се соочи против Реал Мадрид, а во последното коло од Премиерлигата ќе се бори и за трофејот во Премиерлигата.

„Црвените“ полека се подготвуваат за следната сезона, а веста која стигна од Островот ќе ги израдува навивачите на поранешниот европски шампион.

Англискте медиуми објавија дека Ливерпул го контактирал младиот и талентиран фудбалер на Монако, Орелиен Чуамени.

Овој фудбалер беше голема желба на Реал Мадрид, но Јирген Клоп успеал да ги договори условите со него и наскоро се очекува негов потпис со Ливерпул.