Клоп испрати емотивна порака до Мане: Љубов, почит и благодарност!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Садио Мане денеска потпиша тригодишен договор со Баерн Минхен со месечна плата од 1,1 милион евра, па така по шест години го напушти Ливерпул.

Мане реши да го напушти гигантот, кој сезонава остана без трофеите во Лигата на шампиони (ЛШ) и Премиерлигата, затоа што сметаше дека е подготвен за нов предизвик.

Сенегалецот во дресот на Ливерпул ја освои претходно ЛШ, англискиот Куп, Лига Куп и УЕФА Суперкупот.

Тренерот Јирген Клоп имаше само пофални зборови за неговиот поранешен напаѓач.

„Наша благодарност и љубов до Мане. Тој заминува со статус на еден од најдобрите фудбалери во светот. Не смееме да жалиме поради тоа што го загубивме, но мора да се радуваме на тоа што имавме привилегија да уживаме во неговите голови“, кажа Клоп.