Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарот од Италија, Паоло Банкеро беше избран од Орландо како прв пик на драфтот во НБА-лигата, кој се одржа во Бруклин.
Банкеро има само 19 години и во просек минатата сезона постигнуваше 17,2 поени, а имаше и 3,2 асистенции по меч.
„Не знаев дека ме бираат до последен момент, кога комесарот на НБА-лигата излезе. Немав време да размислам, не можам да верувам што се случи“, кажа Банкеро.
Американските медиуми пишуваат дека ова е четврти кошаркар кој Орландо го избрал како прв пик на НБА-драфтот, по Шекил О’Нил, Крис Вебер и Двајт Хауард.