Официјално: Серафимов потпиша за МОЛ Фехервар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов од денеска е член на унгарскиот гигант МОЛ Фехервар, каде што во минатото играа Бобан Николов и Висар Муслиу.

Серафимов го напушти тимот на Залаегерсег и потпиша тригодишен договор со МОЛ Фехервар, а го избра и бројот 31 кој ќе го носи во иднина.

„Откако пристигнав во Унгарија, видов дека МОЛ Фехервар е еден од најголемите и најдобрите тимови. Знам дека владее одлична атмосфера во клубот и сакам да му помогнам на тимот во остварување на целите“, кажа Серафимов.