Новиот напаѓач на Ливерпул од 100 милиони евра не се прослави против Јунајтед (Видео)

Талентираниот напаѓач Дарвин Нуњез денеска дебитираше за Ливерпул во пријателскиот меч против Манчестер јунајтед на Тајланд, кој им припадна на „црвените ѓаволи“ со 4-0.

Нуњез беше платен 75 милиони евра плус 25 милиони во бонуси и одигра 30 минути против Јунајтед, а во самиот финиш на мечот можеше да погоди за 1-4, но не реализираше одлична шанса.

Топката се одби до него, откако Мохамед Салах погоди статива, а Нуњез испрати удар над голот на ривалот.