Стерлинг на емотивен начин се збогуваше од Манчестер сити (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По седум години поминати во Манчестер сити, Рахим Стерлинг ги спакува куферите и ќе се пресели во Челси, а наскоро трансферот ќе биде официјално потврден од премиерлигашот.

Стерлинг испрати порака преку социјалните мрежи и се заблагодари за сè што поминал во редовите на англискиот шампион.

„Седум сезони, 11 трофеи и спомени за цел живот. Ви благодарам за сè. Дојдов во Манчестер на 20 годишно момче, а заминувам како човек. Ми беше чест да играм за вас“, напиша Стерлинг.

Англискиот репрезентативец за „граѓаните“ настапи на 339 натпревари и притоа постигна 131 гол, а освои четири титули во Премиерлигата.