Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вавринка во финалето на УС Опен го победи Ѓоковиќ со 6:7, 6:4, 7:5 и 6:3, но вели дека поминал низ многу тешки моменти, пред и во текот на натпреварот.
Дел од своите маки Швајцарецот ги откри по завршување на финалето, а сега детално ги објасни своите зборови.
„Многумина ме прашуваа како бев во состојба да излезам на теренот, кога пет минути претходно имав напад на паника и се обидував да ги задржам солзите неуспешно. Бев среќен што никој не забележа дека очите ми се црвени.“
„Морав да ја кријам мојата состојба. Бев блиску да пукнам, моментот кога ќе пуштиш се да излезе од тебе. Чувствував дека сум на својата граница.“
„Ќе ви кажам, се повредував себеси. Се обидував да продолжувам да разменувам удари што е можно повеќе. Одев додека не останував без здив.“
„Морам да признаам, во текот напрвиот сет често се прашував како ќе издржам. Кога сум толку нервозен, многу повеќе чувствувам замор. Нозете ме болеа премногу.“
Тој вели дека морал да се избори со внатрешните гласови за да може да игра.
„Толку се терав да трчам и се ме болеше, па на крајот гласовите прекинаа. Сега ова ви го зборувам како шега, но не може да замислите колку гласовите можат некогаш да ве контролираат.“