Шампионот во тешка депресија: „Се надевам дека некој ќе ме убие!“


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Шампионот во светот на боксот во тешка категорија, Тајсон Фјури откри дека е во депресија и дека поради тоа почнал да конзумира кокаин.

    Фјури додаде дека имал тешки психички проблеми и дека од тие причини не тренира од мај, туку дека се предал на алкохолот и дрога.

    „Не можам да се спротиставам на тоа и единствена работа која ми помага е да се опијанам. Велат дека сум биполарен, депресивен манијак, се надевам дека некој ќе ме убие, пред самиот да си го направам тоа.“

    Тој изјави дека не ужива повеќе во боксот бидејќи често бил на удар на критики на јавноста поради однесувањето.

    „Еднаш ми се случи да не можам да влезам во ресторан, ми рекоа дека на патниците влезот не им е дозволен. Како дете сакав бокс, а сега го мразам.“

    Тој веќе 2 пати го откажа реваншто со Кличко, 2 пати поради здравствени причини, а новиот дуел би можел да биде закажан дури за 2017-та година.