Дуплантис полета до злато на СП и постави нов рекорд (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неверојатниот Арманд Дуплантис продолжи да руши светски рекорди, па така на Светското првенство (СП) во САД скокна 6,21 метри и постави најдобар резултат во историјата.

Швеѓанецот прво со 6,06 го обезбеди златниот медал, а потоа во вториот обид скокна дури 6,21 метар, а тоа е нов рекорд за него, со оглед на тоа дека претходниот го постави со скок од 6,20.

Среброто му припадна на Американецот Кристофер Нилсен со 5,94 метри, а идентичен скок имаше Ернест Џон Обиен од Филипините, кој го освои бронзениот медал.