Роналдо избега среде меч, па испрати порака на Твитер (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо не го дочека крајот на натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Рајо Валјекано (1-1), откако одигра само 45 минути, по што тренерот Ерик Тен Хаг реши да го замени.

Португалецот си замина од стадионот предвреме, а тоа ги налути навивачите, по што Роналдо испрати порака преку социјалните мрежи.

„Среќен сум поради враќањето“, напиша Роналдо и објави фотографија од настапот против шпанската екипа.

Роналдо неколку пати го покажа незадоволството во претходните месеци и побара трансфер, но досега не доби ниту една понуда.

Манчестер јунајтед го игра првиот меч во новата сезона следната недела, 7 август, против Брајтон на домашен терен.