Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ беше отпишан од српската репрезентација, откако селекторот Светислав Пешиќ реши да не го повика за Евробаскетот бидејќи тој не ја почитувал дисциплината.
Српски „Курир“ објави дека Теодосиќ бил отпишан затоа што не си легнувал навреме во периодот задолжен за одмор.
Пешиќ имал консултации со своите соработници во стручниот штаб, по што решиле дека најдобра одлука за сите е да не го повика Теодосиќ за натпреварувањето.
Исто така, како проблем се споменуваше тоа што Василије Мициќ не функцинирал добро со Теодосиќ во екипата, а тоа се забележало на олимпискиот турнир во Белград.