Кошмар за „ѓаволите“: Јунајтед по 35 минути губи 0-4 од Брентфорд (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Манчестер јунајтед има уште еден ужасен натпревар во Премиерлигата, па така губи со 0-4 од Брентфорд по половина час игра.

Дасилва го отвори резултатот во 10. минута, по што Јенсен зголеми на 2-0 во 18. минута, а целосниот потоп се случи во 30. минута, кога Ми стрелаше за 3-0.

Четвртиот гол падна во 35. минута, кога Мбеумо во контра-напад успеа да го матира Де Хеа.