Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дарвин Нуњез нема по добро да го памети мечот против Кристал Палас, откако доби црвен картон, а неговиот тим Ливерпул одигра 1-1.
Нуњез заработи исклучување, откако беше испровоциран од Јоаким Андерсен, но дефанзивецот на Кристал Палас сега не може да спие мирно поради тоа.
Засилувањето на Ливерпул доби црвен картон, откако го удри Андерсен со глава поради провокација, асега дефанзивецот објави на социјалните мрежи дека добива закани по неговиот живот.
„Добив околу 300-400 пораки минатата ноќ. Разбирам дека го поддржувате вашиот тим, но не би било лошо да покажете почит кон другите, наместо да глумите опасни преку социјални мрежи“, напиша Андерсен.