Нуњез испрати порака по глупоста која ја направи против Кристал Палас


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул вчера одигра 1-1 против Кристал Палас во второто коло од англиската Премиерлига, а резултатот можеби ќе беше поинаков, ако Дарвин Нуњез не добиеше црвен картон.

Нуњез доби големи критики откако падна на провокацијата на Јоахим Андерсен и го удри со глава, па затоа е суспендиран на три меча.

Талентираниот фудбалер и големо засилување на Ливерпул се јави на социјалните мрежи и испрати порака по глупоста која ја направи против Кристал Палас.

„Свесен сум каков лош став имав. Овде сум да учам од грешките и да не се повтори истото“, напиша Нуњез на Твитер.