Симиќ се пресели во Игокеа, па веднаш замина на позајмица!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Теодор Симиќ си замина од Барселона, откако се договори со Игокеа, каде што тренер е поранешниот селектор на Македонија, Драган Бајиќ.

Симиќ со 18 години важи за голем кошаркарски талент, а по неколку години во Барселона реши дека е време за нов предизвик во кариерата.

Младиот кошаркар потпиша четиригодишен договор со Игокеа, но првата сезона ќе ја помине на позајмица во Борац од Бања Лука, која игра во АБА2-лигата.