Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонскиот тенисер Калин Ивановски одигра одличен меч во финалето на турнирот во Тунис и го доби со 2-1 во сетови против Азиз Кијаметовиќ.
Кијаметовиќ го освои првиот сет со 6-4, но потоа македонскиот тенисер врати со иста мера (6-4) и израмни на 1-1.
Иако многумина очекуваа голема битка во последниот сет, сепак тоа не се случи затоа што Македонецот блескаше на теренот.
Ивановски немаше милост за ривалот од БиХ и ги искористи неговите грешки за да го освои последниот сет со 6-1 и така се закити со трофејот.