Паѓа нов трансфер-рекорд: Њукасл договори голема ѕвезда на Реал Сосиедад!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл јунајтед продолжи со сериозните трансфери во летниот преоден рок, па најновите информации од Англија покажуваат дека се договориле со Александер Исак од Реал Сосиедад.

Овој 22-годишен Швеѓанец ќе биде едно од новите засилувања на Њукасл и ќе чини 63 милиони фунти, со што всушност ќе стане најскап фудбалер.

Њукасл ќе го урне рекордот на Бруно Гимараеш, кој го купија во јануари од Лионе за сума од 41,5 милиони фунти.

Исак ги покажа своите квалитети во Реал Сосиедад, каде што стигна од Борусија Дортмунд во 2019 година и притоа постигна 44 гола на 132 меча во сите натпреварувања, додека за Шведска одигра 37 натпревари и постигна девет погодоци.