Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новата сезона во Евролигата започнува на 12-ти октомври со натпревар помеѓу Реал и Олимпијакос.
16-те најдобри тимови во Европа пред себе прв пат ќе го имаат системот на лига во која секој тим ќе игра по 30 натпревари во регуларниот натпревар, а најдобрите 8 ќе одат понатаму.
¼-финалето ќе се игра на 3 добиени натпревари, а завршниот турнир ќе се игра од 19-ти до 21 мај во Истанбул.
Тимовите покрај трофејот ќе се борат и за 1 милион евра награда додека секоја победа има своја вредност.
Вкупно тимовите ќе добијат 30 милиони евра. Покрај победникот кој ќе добие 1 милион, 2-ро пласираниот ќе добие 500.000 евра, 3-то пласираниот 300.000 и 4-то пласираниот 200.000.
Триумф во група ќе носи по 30 илјади евра додека за победа во доигрување наградата е 70 илјади.