Ѓоковиќ се враќа на теренот, и тоа нa турнир каде што никогаш досега не играл!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ се подготвува за враќање на тениските терени, па така го потврди настапот на турнирот во Тел Авив.

Турнирот во Израел ќе се игра од 26 септември до 2 октомври, па така тоа ќе биде прв турнир на кој ќе настапи по Вимблдон, а секако претходно го чекаат предизвици и со Србија на Дејвис Купот.

Ѓоковиќ за последен пат на теренот се појави на Вимблдон, кога го освои трофејот, па од тогаш паузира затоа што не може да настапи на турнејата во САД.

Исто така, Србинот треба да игра во Валенсија со Србија, па на турнирот во Токио и на крај на Мастерсот во Париз.