Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американската тенисерка Серена Вилијамс ја заврши кариерата со пораз од Аља Томљановиќ (5-7, 7-6 и 1-6) на Ју-Ес Опен.
Една од најдобрите во историјата замина во пензија на 40 години и 73 освоени титули, меѓу кои 23 гренслем-трофеи и четири златни олимписки медали.
„Ви благодарам на сите за поддршката во претходните години“, кажа тенисерката.
Вилијамс доби прашање за нејзината пензија, односно дали ќе се премисли, па даде краток одговор.
„Не верувам, но никогаш не се знае. Сега сум подготвена да бидам мајка. Технички, сè уште сум млада и сакам да уживам во животот додека можам да се движам“, вели Вилијамс.