Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси утрово го отпушти Томас Тухел по серијата лоши резултати и проблемите во соблекувалната, а како негова замена се споменува името на Граам Потер.
Потер денеска имал разговори со раководството на Челси, откако Брајтон му дозволи да преговара со англискиот гигант, а доаѓаат позитивни вести од Лондон.
Иако дел од навивачите не се среќни за тоа што Потер е фаворит за тренерското столче, зашто со Брајтон во претходните сезони освои 15, 16 и деветто место во Премиерлигата, сепак газдата Тод Боели инсистира да го ангажира 47-годишниот стратег.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека се очекува Потер да потпише договор со Челси во текот на неделава.