Македонија денеска ќе ги дознае противниците во квалификациите за ЕП 2024


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 12.00 часот ќе ги дознае противниците во квалификациите за Европското првенство (ЕП), кое е закажано за 2024 година во Германија.

Македонија се наоѓа во четвртиот шешир заедно со Грузија, Турција, Грција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарски Острови, па тоа значи дека не може да играме против никој од нив.

Ќе бидат формирани седум групи по пет репрезентации и три по шест, па така најдобрите две од секоја група ќе играат на ЕП, додека последните три места ќе се решаваат преку победниците на плејофот во Лигата на нации.