Мурињо почна да „пецка“: Како се вика фудбалерот од Наполи кој паѓа постојано?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рома го загуби дербито од Наполи со 0-1 на домашен терен, а тренерот Жозе Мурињо збесна од нервоза поради Ирвинг Лозано и направи шоу.

Мурињо по мечот на прес-конференција даде пофални зборови за Наполи, но исто така го искритикува и Лозано.

„Наполи е многу добар тим, но кога погледнав колку картони имаме, уморни и неподготвени фудаблери, разбрав дека тешко ќе извлечеме позитивен резултат. Спинацола мораше да го запре фудбалерот на Наполи што постојано паѓа. Како се викаше? Тој што паѓа и лежи на тревата… Лозано!“, кажа Мурињо.

Португалецот, исто така, не сакаше да даде коментар за судијата Ирати за која кажа само дека не му се допаѓало како судел.