Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски нема среќа на кормилото на Горица, која повторно загуби, и тоа со гол во 91. минута од натпреварот против Истра.
Монсеф Бакар ѝ пресуди на Горица во 91. минута за осми пораз на македонскиот тренер во десет меча на тренерското столче на екипата.
Неодамна Горица загуби од Динамо Загреб во 92. минута (1-2), а исто така и против Хајдук загуби дури во 98. минута.
Горица е последна на табелата со седум бодови од 16 одиграни меча, а пред нив е Риека со 12 и Шибеник со 13 поени.