Касано: Роналдо има ужасно его и не сака да признае дека не игра добро!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо може да добие казна од еден милион фунти поради контроверзното интервју со водителот Пирс Морган во кое го нападна раководството на тимот, но и тренерот Ерик Тен Хаг.

Роналдо со интервјуто ги налути навивачите на „црвените ѓаволи“, но и дел од поранешните фудбалери, меѓу кои е и легендарниот Италијанец, Антонио Касано.

„Роналдо нема храброст да признае дека не игра добро во последните три години. Оваа година мораше да потпише за Спортинг и по Мундијалот да се пензионира. Тој е слепец и мисли дека може да игра до 50 години. Роналдо има ужасно его, но не е како Меси кој може да игра со неколку одлични фудбалери покрај себе и повторно да биде главен. Кристијано не може да го поднесе тоа“, вели Касано.