Ѓорческа се закити со трофеј во грчки Ираклион

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го крунисаше настапот во Ираклион, Грција со титула, откако во финалето беше подобра од Мириам Бјанку Булгару со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4.

Ѓорческа во финалето играше фантастично и не ѝ дозволи на нејзината противничка од Романија ниту да се надева на титула, па ја декласира во два сета.

Македонската тенисерка имаше шанса да освои титула и во двојки, но вчера загуби заедно со Деа Херџелас во финалето од Гаврила и Каратанчева со 0-2, односно двапати по 4-6.