Лазаров: Имам план, ќе се обидеме да изненадиме!

Македонската ракометна репрезентација денеска ги почна подготовките за Светското првенство (СП) кое се игра во јануари.

Селекторот Кире Лазаров се надева на добри резултати и на изненадувања во тешката група против Холандија, Норвешка и Аргентина.

„Кај ракометарите има желба и мотивираност за докажување, а тоа ме радува. Самиот пласман на Мундијалот е успех, но ќе направиме сè за да се пласираме во вториот круг. Нема да биде лесно, но ќе се обидеме да изненадиме. Имам стратегија и се надевам дека ќе се подготвиме како што треба“, кажа Лазаров.