„Ѓаволите“ во битка со Челси за ѕвезда од 60 милиони евра


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе се бори со Челси за потписот на Дензел Думфрис од Интер, објави „Газета дело Спорт“.

„Црвените ѓаволи“ имаат проблеми на позицијата десен бек во тимот, а Интер мора да ги среди финансиите до 30 јули, па сè поверојатно е дека Думфрис ќе замине од екипата.

Думфрис беше одличен и за националниот тим на Мундијалот, каде што псотигна еден гол и имаше две асистенции на пет настапи.

Главоболка за Тен Хаг може да биде интересот од Челси, меѓутоа „сините“ веќе го имаат Рис Џејмс на таа позиција, па останува да видиме што ќе се случи до следното лето.