Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот гигант Челси веќе размислува за иднината и денеска го потврди трансферот на талентираниот Давид Датра Фофана, кој ќе пристигне на „Стемфорд бриџ“ на 1 јануари 2023 година.
Челси ќе плати 12 милиони евра за услугите на фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, а многумина сметаат дека тоа е „новиот Дрогба“, иако допрва треба да го покаже својот квалитет.
Младиот фудбалер претходно играше за Молде од февруари 2021 година, а притоа настапи на 37 натпревари и постигна 21 гол и запиша седум асистенции.
Засега не е познато дали ќе добие шанса до крајот на сезоната или ќе оди на позајмица, меѓутоа ова е добар потег на „сините“ за нивната иднина.