Расте оптимизмот во Мадрид: Реал наскоро добива голема ѕвезда


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид продолжува со засилувањата на екипата, а наскоро во тимот се очекува да пристигне талентираниот англиски фудбалер Џуд Белингам.

„Кралевите“ се сигурни дека ќе му го продолжат договорот на Лука Модриќ, но во исто време ќе ја обезбедат и неговата замена, а тоа е Белингам.

Расте оптимизот во Мадрид за реализирање на трансферот, иако Белингам има договор до 2025 година со Борусија Дортмунд.

Шпанскиот гигант, наводно е подготвен да испрати понуда од 130 милиони евра, која треба да биде доволна за да ги задоволи апетитите на германскиот клуб.

Белингам го засили Дортмунд во 2020 година, а притоа настапи на 112 натпревари и постигн 19 голови и 21 асистенција.