Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг во разговор со новинарите откри дека Џек Батленд е нов чувар на мрежата на гигантот.
Поранешниот англиски репрезентативец ќе биде резервен голман, додека местото меѓу стативите останува за Давид Де Хеа.
„Дубравка беше повикан од Њукасл и сега ни требаат тројца искусни голмани. Имаме млади голмани и добро им оди, но имаме многу натпревари и затоа ни се потребни повеќе. Де Хеа останува прв голман, но мора да бидеме подготвени дека сè може да се случи и затоа ни треба квалитетна замена“, кажа Тен Хаг.
Батленд во минатото бранеше за Стоук сити и Англија, а од 2020 година е во Кристал Палас.