Депај потпиша за Атлетико Мадрид!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Барселона денеска го продаде Мемфис Депај во Атлетико Мадрид, кој доаѓа во гигантот од главниот град на Шпанија како замена за Жоао Феликс.

Атлетико за неговиот трансфер плати три милиони евра, а Холанѓанецот потпиша договор на две ипол сезони.

Депај минатата сезона постигна 12 голови за Барселона, а претходно играше и за Лион, каде што запиша 76 погодоци и 55 асистенции во 176 настапи.